Почна производството на Lada XRay Cross

ОБЈАВЕНО НА:

Како што е објавено на интернет страна lada.ru во Тољати и официјално почна сериското производство на моделот Lada XRay Cross како off road варијанта на постоечкиот модел XRay.

По примерот на западните allroad, Xray Cross донесува комплетен пакет на заштитни и украсни елементи на надворешниот дел, поголеми гуми (215/50 R17) и зголемен клиренс на 215 mm со 195 mm кај стандардниот модел.

Редизајнирани се предните седишта, а тука е и зголемениот простор за места за нозе на патниците одзади (+ 25 mm), како и пет режими на возење Lada Ride Select (ESC On, Sport, Snow, Sand i ESC Off).

XRay Cross го придвижува 1,8-литарски бензинец од 122 коњски сили споен на пет брзински мануелен или автоматски менувач. Погонот е само на предните тркала што веќе дава еден тажен тон на целата приказна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK