Иџе со Hyundai во нов европски тркачки предизвик

ОБЈАВЕНО НА:

Нашиот најпознат тркач Игор Стефановски во новата сезона ќе се натпреварува во европскиот TCR шампионат и ќе вози нов автомобил – Hyundai i30 N TCR.
На промоцијата во Скопје возачот на Стефановски рејсинг ги објави плановите, а тоа е во ова силно натпреварување да се бори за бодови на секоја трка, па и за некој подиум. Ова е силно натпреварување каде на некои трки се очекуваат и до 30 натпреварувачи што покажува за силината.

Проблем за Стефановски ќе биде што возилото ќе биде подготвено на почетокот на мај токму пред трката во Франција на патеката „Пол Рикар“. Нашиот возач ќе има кратко време за тестирање и приспособување на новото возило.

Новото Hyundai што Стефановски го набави чини 128.000 евра и од корејската фабрика му излегоа во пресрет на нашиот возач и за кратко време ќе го произведат автомобилот.
Бидејќи ТЦР е европско натпреварување со силни тимови, целиот буџет за сезонава би требало да се движи во рамките на 400-500 илјади евра.



Планирани се седум трки.

4-6 мај – Пол Рикар
18-20 мај – Зандворт
8-10 јуни – Спа Франкоршамп
6-8 август – Хунгароринг
17-19 август – Асен
21-23 септември – Монца
19-21 октомври – Барселона