Каде да си купиш Porsche 992 Turbo S: Во Канада чини 151.000 евра, а во Сингапур 579.000

ОБЈАВЕНО НА:

Сосема е нормално да цените на возилата варираат од една во друга земја. За тоа да е така влијание имаат голем број на фактори, особено економски. Пример секако се скандинавските земји каде цените се доста високи, па затоа тамошните жители се повеќе купуваат електрични возила и ги користат и субвенциите што се даваат за таквите автомобили.

Цените на новите возила од една во друга земја се разликуваат во границите од – до + 10%. Сепак тоа не е така кога е во прашање цената на нов Porsche 992 Turbo S.

Интернет сајтот Compare The Market кој меѓу другото се занимава со споредба на цените на возилата објави интересна статија за најбрзата верзија на моделот 992.

Според сајтот, продажната цена на овој спортски модел во Канада изнесува 151.000 евра, во Норвешка 291.000 евра, а во Сингапур дури 579.000 евра што е речиси за четири пати повеќе од онаа во Канада.

Погледнете го ценовникот за новиот Porsche 992 Turbo S:
Земја – локална цена во ЕУР

1. Канада 150.373
2. Мексико 153.923
3. Велика Британија 171.567
4. Јордан 172.161
5. Кувајт 173.747
6. САД 176.842
7. Оман 177.018
8. Русија 186.945
9. Бахреин 187.014
10. Ј.Кореја 195.875
11. Доминиканска Република 204.215
12. Саудиска Арабија 205.755
13. Чиле 208.743
14. Германија 212.711
15. Белорусија 213.600
16. Молдавија 215.000
17. Луксембург 215.026
18. Бугарија 219.049
19. Естонија 219.360
20. Франција 221.135
21. Кипар 221.300
22. Белгија 223.100
23. Романија 224.145
24. Италија 224.559
25. Шведска 232.513
26. Украина 234.109
27. Јапонија 235.409
28. Нов Зеланд 237.806
29. Брунеи 238.197
30. Панама 241.408
31. Гватемала 249.142
32. Шпанија 249.963
33. Швајцарија 253.946
34. Португалија 266.903
35. Холандија 272.500
36. Австрија 279.072
37. Кина 282.656
38. Либан 287.900
39. Република Ирска 289 471
40. Норвешка 291.548
41. Колумбија 310.494
42. Тајван 343.332
43. Јамајка 365.084
44. Финска 380.052
45. Камбоџа 442.321
46. ​​Пакистан 545.384
47. Тајланд 574.750
48. Виетнам 577.082
49. Сингапур 579.654
50. Аргентина 604.284

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK