Грчката полиција најави чести контроли – казнети на 30.000 возачи за десет дена

ОБЈАВЕНО НА:

Со почетокот на сезоната на празници, чести патувања, симнувањето на ограничувањата за влез во земјата грчката полиција најави почести контроли на патиштата. Дека нема да има простување кон оние што ги прекршуваат законите покажа и последната акција во која се казнети речиси 32.000 возачи поради различни основи. Акцијата на полицијата била спроведена од 15 до 25 април.

Имало над 5.331 контролни тимови низ земјата, што покажале дека речиси секој трет возач што бил сопрен направил некој прекршок, а најчесто тоа било возење со недозволена брзина.

Полицијата потврдува дека ваквите контроли ќе продолжат и во мај, особено за првомајските празници, и ќе се фокусират на местата каде има поголема фреквенција, на влезовите во големите населени места. Во Грција особено во летниот период е честа појавата и на одземање на регистреските таблички на возилата, ако тие се погрешно паркирани или направиле некој прекршок. Тоа може да биде собено незгодно ако прекршокот е направен за време на празник или неработен ден.

Од 1 мај се очекува и укинување на мерките за влез во земјата каде е задолжително покажување на ПЦР тест или доказ за вакцинирање. Тоа значи дека ќе има многу повеќе фреквенција на патиштата во Грција особено во северниот дел каде и најмногу патуваат македонските граѓани.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK