Без паника: Наскоро во авионите ќе има по еден пилот

ОБЈАВЕНО НА:

Летот во поголем авион речиси е незамислив без двајца пилоти во кабината, но новата технологија која се развива во моментов би можела да доведе до тоа на летот да биде доволен и само еден пилот во кабината.

Во интервју кое за Independent го дал потпреседателот на компанијата Boeing, Стив Нордлунд, рекол дека во компанијата развиваат автономна технологија поради која во блиска иднина ќе биде доволен само еден пилот.

И додека постоечките европски и американски закони пропишуваат секој авион со повеќе од 20 седишта да има минимум два пилоти во кокпитот, Нордлунд изјавува дека во Boeing веруваат во технологијата и во скоро менување на постоечките правила.

Од друга страна, и покрај довербата во технологијата, не гледа иднина на воздухопловството без пилоти, но смета дека со идниот развој копилотот ќе стане вишок.

Иако оваа идеја звучи интересно, многу е веројатно дека, ако до нејзината имплементација некогаш дојде, ќе наиде на голем отпор на регулаторните агенции и на патниците. Реално, факторот на човечки грешки во авиопрометот навистина е низок, а патниците и тоа како се чувствуваат посигурно кога знаат дека во кокпитот има двајца пилоти.