Tata лансираше два мали градски автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот индиjски производител на автомобили, а воедно и една од најголемите компании во Индија, Tata Motors лансираше два мали градски автомобили именувани како Tiago JTP и Tigor JTP.

Хечбек моделот Tiago и седанскаа изведба Tigor во понудата ќе бидат достапни со исти технички карактеристики. Така e 1.2 литарскиот бензински три цилиндрични мотори со 110 КС кој е достапни со пет степен мануелен менувач оптимизиран за поспортски перформанси.

Овие два модели од новата генерација, димензионално се иднетични како претходниците, а идентична е и внатрешноста во која доминираат пластичните елементи. Од опремата, тука се и ABS и EBD системите како и задната паркинг камера.

New Tata Tiago JTP, Tigor JTP to be launched on October 26

Премиерата на овие модели доаѓа откако во февруари годинава исите овие модели во концепт верзија беа претставени на саем во Индија. Продажбата на овие нискобуџетни автомобили ќе се одвива во Индија и неколку околни земји.