Австралија ги менува законите поради Tеslа?

ОБЈАВЕНО НА:

Електричниот камион на Tеslа сè уште не е влезен во употреба, а веќе се појавија проблеми со него. Влекачот е широк точно 2,59 метри, што според законите во Австралија е премногу. Максималната дозволена ширина на превозни средства таму е 2,5 метри за разлика од правилата во Европа и САД каде што лимитот е 2,6 метри.

И покрај тоа, има шанса Tеslа Sеmi да биде достапен и во Австралија, со оглед на тоа што од американската компанија поднесоа барање до Националната комисија за транспорт за измена на законот.

Сè уште нема официјално решение, но луѓето на Маск се повикуваат на првилата кои се валидни на другите континенти каде што се продава камионот.

Според планот електричниот влекач требаше да биде претставен пред доста време, но премиерата се одлагаше неколкупати. Последните новости се дека новата дата е насочена за крајот на оваа година, но е сосема веројатно дека повторно ќе има доцнење.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK