Peugeot лансира поголема 508 за Кина

ОБЈАВЕНО НА:

На овогодинешниот саем за автомобили во Женева, Peugeot ја лансираше новата генерација на 508. Веднаш по премиерата овој автомобил несомнено го привлече вниманието на светската јавност, а со овој модел Peugeot ќе го напаѓа врвот на овој сегмент на автомобили во Европа.

Овие денови на интернет се појавија фотографии од подолг Peugeot 508 наменет за пазарот во Кина. Оваа изведба на 508 која е со поголемо меѓуоскино растојание на кинескиот пазар ќе ја носи ознаката 608 со што јасно ќе се дистанцира од пократката изведба.

Во Кина голема популарност имаат големите, долги автомобили па токму тоа е причината зошто бројни производители за овој пазар нудат подолги автомобили. Всушност за барањата на кинескиот пазар многу производители како BMW, Audi, Mercedes, Jeep, Land Rover, Volvo лансираа големи SUV возила, па со цел да остане во чекор со конкуренцијата тоа го направи и Peugeot.

Peugeot 608

Инаку францускиот производител на базата на 508 покрај седан, лансираше и караванска изведба како и plug in хибридна верзија. Со овој модел кој се очекува до крајот на годината да се лансира во Кина ќе се збогати изведбата понудата на 508.