Новиот Seat Leon доаѓа следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Новата четврта генерација од моделот Leon, Seat ќе го лансира во текот на следната година, пренесуваат шпанските медиуми повикувајќи се од сигурни извори од шпанскиот производител. Како што наведуваат медиумите, Seat во моментов работи на прототип возилото и во моментов е во фаза на почетни тестирања.

Новата генерација која треба да ја замени третата, постоечка, лансирана во 2012 година, ќе се базира исто така на MQB платформата, но ќе биде со значително меѓуоскино растојание што треба да обезбеди поголема пространост особено на задната клупа како и поголем багажен простор. Исто така благодарение на полесните материјали кои ќе бидат вградени, тежината на возилото ќе биде далеку помала од сегашните 1.165 килограми.

Екстериерно новитет ќе бидат предните светла и предната маска кои, според објавената фотографија, ќе бидат идентични како и кај Seat Tarraco, а нови LED светла ќе има и на задниот дел. Внатрешноста ќе биде целосно нова, но иако нема фотографија од екстериерот, истиот тој би бил мешавина на оној применет кај Seat Terraco и кај останатите SUV модели, Ateca и Arona.

Што се однесува до историјaта на овој модел, тој е воведен во 1998 година. Оваа прва генерација во целост била дизајнирана од италијанецот Џорџето Џуџаро што придонело да добие неколку награди за автомобил на годината во повеќе европски земји.
Во мај 2005 година е лансирана втората генерација која на пазарот се задржува до 2012 година. Последната и актуеллна генерација е лансирана 2012 година. Дизајнот е дело на Алехандро Месонеро Романос, а истиот овој автомобил се темели на MQB платформата која ја користат повеќе модели на Volkswagen Групацијата.