Tоyоtа повикува на сервис близу 700.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Околу 696.000 автомобили од брендовите Tоyоtа и Lеxus ќе треба да ги посетат сервизите за отстранување на евентуална неисправност на пумпата за бензин.

Дефектот може да доведе до ненадејно исклучување на снабдувањето со гориво кон моторот што создава ризик за безбедноста на сите кои се во автомобилот.

Акцијата ги засега возилата произведени во 2018 и 2019 година. Lеxus ги повика на сервис сопствениците на возилата од моделите LS 500, LС 500, RС 350 и RС 300, a Tоyоtа – 4Runnеr, Саmry, Highlаndеr, Lаnd Сruisеr, Sеquоiа, Siеnnа, Tасоmа, Tundrа, Аvаlоn и Соrоllа.

Сопствениците на евентуално неисправените автомобили ќе бидат известени од производителот од Јапонија. Сите потенцијални дефекти ќе бидат отстранети на сметка на Tоyоtа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK