Нов тизер: Се „смешка“ новата BMW серија 3

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата која е закажана за претстојниот саем за автомобили кој од 4. до 14. октомври ќе се одржи во француската престолнина Париз, BMW објави нова тизер фотографија од новата серија 3.

Во пресрет на премиерата, во јавноста се пласираат се повеќе и повеќе информации околу техничките карактеристики на оваа нова генерација. Она што засега се знае е дека новата серија 3 доаѓа со 50:50 распоред на масата, а ќе биде за 55 килограми полесен од претходната генереација.

Од претходната генерација во целост се преземени моторите, па така богатата понуда на мотори опфаќа бројни бензински и дизелски верзии со 3, 4 и 6 цилиндри. Моќноста кај бензинските мотори се движи од 150 КС кај основниот модел па се до 380 КС кој ќе бидат достапни кај M340i.

Ова е втора тизер фотографија откако претходно германскиот производител објави една фотографија и видео инсерти од тестирањето на овој автомобил. Повеќе информации околу ова прочитајте ТУКА.