Незадоволство во фабриката: Fiat им нуди на работниците во Крагуевац да работат во Словачка!

ОБЈАВЕНО НА:

Фабриката во Крагуевац речиси цела мината година беше затворена. Причината за тоа не е само пандемијата на коронавирусот туку и малата побарувачка за единствениот модел кој се произведува во оваа фабрика - Fiat 500L.

Раководството на FCA Srbija е незадоволство – интересот на нивните работници за работа во Словачка е многу мало. Да, добро прочитавте! FCA Srbija испрати работни понуди до своите работници за истите да работат во Словачка.

Фабриката во Крагуевац речиси цела мината година беше затворена. Причината за тоа не е само пандемијата на коронавирусот туку и малата побарувачка за единствениот модел кој се произведува во оваа фабрика – Fiat 500L.

Со цел да ги намали трошоците во Србија, а да го пополни недостатокот на работници во фабриката на Stellantis во Словачка каде во моментов се произведуваат моделите Peugeot 208 и Citroen C3 Picasso, FCA Srbija испрати понуда до своите работници.

Одзивот е неочекувано мал, а претседателот на синдикатот, Зоран Станиќ наведува дека причина за тоа е малата плата. Така на работниците им е понудено месечна плата од 850 евра, но од истата работниците сами треба да си ги покријат трошоците па така максимум може да заштедат до 400 евра месечно, сума која работниците ја земаат и за платено отсуство во Крагујевац. Станиќ наведе дека понудата ја прифатиле помалку од 20 работници.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK