Вака би можел да изгледа новиот Mitsubishi Lancer

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатата година Mitsubishi го прекина производството на легендарниот модел Lancer, а го воведе во продажба во Кина и Тајван (каде претходно не се продаваше), сега на големо се пишува за повторното враќање на Lancer во понудата на јапонскиот производител.

Сепак фановите на овој модел кој се прослави со Evo изведбата немаат причини за радост бидејќи Lancer нема да се врати како седан туку како SUV. Вакви најави имаше изминатите месеци, а сега добиваат и потврда. Името Lancer ќе биде искористено за новиот SUV со кој Mitsubishi ќе се натпреварува на пазарот со Toyota CH-R.

Посветеноста на SUV сегментот ја потврди и Цунеширо Кунимото, шефот на центарот за дизајн кој наведе дека континуираниот раст на SUV пазарот во Кина и Европа е причината за лансирање на нов SUV кој ќе го носи името Lancer.

Овој нов модел ќе се темели на CMF C/D платформата која се користи кај бројни SUV модели во рамките на Renault-Nissan алијансата. Така, ова ќе биде прв, во целост развиен модел на јапонскиот производител како дел од оваа алијанса. Lancer ќе се вклопи и во плановите за електрификација на оваа алијанса, па така ќе добие и plug-in хибриден погон.

Во пресрет на официјалната потврда за изгледот на Lancer, на интернет се појавија бројни рендери за можниот изглед, а еден од нив е прикажан на видеото погоре.