VW објави нов тизер за T-Cross

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за 25. октомври, германскиот производител Volkswagen на својот официјален YouTube канал објави тизер видео за новиот модел T-Cross.

T-Cross кој се темели на MQB платформата исто како и T-Roc, во понудата ќе биде достапен со 1.0 литарски TSI модел кој ќе биде понуден со 115КС, како и помоќна верзија со 1.5 литарски мотор и 150КС. Во понудата ќе има и дизелски мотор кој ќе располага со 95КС. Сите овие изведби ќе бидат достапни само со погон на предните тркала.

Димензионално, овој модел ќе биде со должина од 4.107 мм, висина 1.558 мм со што е за малку поголем во поглед на VW Polo. Пространата внатрешност е крунисана со волуменот од 455 литри во багажникот што не е за потценување со оглед на димензиите.

Овој модел чие производство ќе започне кон крајот на годинава во фабриката на VW во Шпанија, е замислен како директен конкурент на Nissan Leaf, Peugeot 2008, Renault Captur и Opel Mokka, а за сега цената не е позната иако се шпекулира дека ќе биде во рамките на конкуренцијата.

Иако претходно беше најавено дека овој модел нема да биде достапен на европскиот пазар, сепак сега и официјално е потврдено дека овој модел во продажба во Европа ќе се најде пролетта 2019 година. Сепак главниот акцент ќе биде ставен на пазарите во Азија и Јужна Америка. Токму саемската премиера е закажана за најголемиот саем за автомобили во Јужна Америка, саемот во бразилскиот град Сао Паоло.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK