И официјално претставен новиот BMW X7

ОБЈАВЕНО НА:

По низата на тизер фотографии и најави, германскиот производител BMW го претстави новиот X7 – најголем SUV модел во гамата на BMW.

X7 ќе биде адутот на BMW кој ќе им конкурира на Range Rover и Mercedes GLS, предноста на овој модел е во димензиите. Така, BMW X7 во однос на димензиите, должината на овој модел изнесува 5.151 мм, ширината 2.000 мм додека висината 1.805 мм. Со поголемо меѓусокино растојание елеганцијата на овој модел е збогатена со одлична комфорност и пространост како на возачот така и на патниците на задната клупа. Тука секако е и багажниот простор кој изнесува максимални 2.120 литри со спуштена задна клупа.

Истиот овој SUV е развиен на платформата на серијата 7 на BMW, а во однос на моторите, опремен е со 3.0 литарски шест цилиндарски турбо мотор со 340 КС. Тука е и помоќниот 4,4 литарски Twin Turbo V8 мотор со 462 КС, а се шпекулира дека во понудата ќе се најде и V8 моторот со 530 КС. На саемската премиера во Франкфурт, овој тогаш концепт модел беше претставен со plug-in хибриден погон што значи за очекување е и дополнителен електромотор со литиумско-јонска батерија.

Во однос на останатите технички карактеристики, овој нов модел има погон на сите четири тркала, а е опремен и со осумстепенски автоматски менувач. Опремен е и со LED предни светла со ласерска технологија како и панорамски кров кој ќе биде дел од дополнителната понуда.

Луксузот воопшто недостасува и во внатрешноста. Добро вградените елементи оставаат впечаток уште на прв поглед, а доминацијата ја има 12.3 екран на допир преку кои се задаваат бројни команди при возењето. Најновиот инфотејнмент овозможува вистинско уживање при патувањет овозможувајќи целосна интеграција со смарт уредите. Тука е и четиризонската автоматска клима, 1.500 ватниот Хармон Кардон звучен систем како и LED атмосферското светло сместено на внатрешниот дел од покривот кое може да симулира и ѕвездено небо.

2019 BMW X7

Саемската премиера е закажана за претстојниот саем за автомобили во Лос Анџелес, а продажбата на овој модел чија почетна цена се очекува да се движи околу 80 илјади евра, ќе започне во март следната година.