Индијци модифицирале Honda Accord во Lamborghini Aventador!

ОБЈАВЕНО НА:

Индијската компанија Executive Modcar Trendz со седиште во Бомбај претстави автомобил со екстериерно идентичен на Lamborghini Aventador кој претставува модификација на Honda Accord.

Ентузијастите од оваа компанија најпрво го набавиле автомобилот со четири врати, во целост го расклопиле при што монтирале дополнителни каросериски елементи. Истите ги офарбале во популарната Arancio Argos која е типична за Lamborghini. Покрај ова индијците посветиле внимание и на деталите па оттука вградени се идентични LED светла, браници, ретровизори и слично.

На крајот, иако во помали димензии добиен е одличен производ.

Целата преработка како што соопштуваат од компанијата траела неколку месеци, а биле вложени и дополнителни речиси 30,000 евра. Oд EMT наведуваат дека ваков дизајн може да создадат и на основа на други јапонски автомобили како што се Hyundai Elantra и Toyota Corolla.