Volvo повлекува два модели од понудата

ОБЈАВЕНО НА:

Шведскиот прозивдоител Volvo и официјално објави дека ќе повлече два модели од понудата на американскиот пазар. Станува збор за караваните V60 и V90 кои повеќе нема да се продаваат.

Продажбата на овие модели ќе трае се додека не се потрошат залихите од моделската година 2021 година. Потоа купувачите ќе може да ги купат само Cross Country изведбите кои ќе “поживеат” уште некоја година на американскиот пазар.

Причината за ова повлеквуање е малата заинтересираност на американците што резултира со мала продажбата. Дополнителна причина е и тоа што Volvo во наредниот период фокусот ќе го стави на возилата со повисок клиренс.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK