Пет совети за да станете подобар возач

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот дел од возачите смета дека вештината на управувањето на возилото е на завидно ниво. Ретко кога гордоста дозволува да се признае дека некој друг е подобар од нас, а приказните при кафе муабетите се посебен домен.

Секогаш се додаваат 20 км/ч повеќе, а расправата меѓу мажите за тоа кој колку е вешт зад воланот може да трае и со часови.

Сепак, за навистина да станете подобри, а тоа во суштина значи и посигурен, подоверлив и поквалитетен возач би било добро да се држите до овие совети.

  1. Никогаш не се потпирајте (немајте доверба) на другите возачи

Дури и кога на семафорот е зелено светло добро проверите дали некој наидува од страничните улици. Можеби зад воланот на тоа возило е некој пијан или едноставно луд возач, кој нема намера да се запре на црвено.
Ова правило особено важи за раскрсниците без сообраќајна сигнализација бидејќи одредени возачи воопшто не го поднесуваат знакот „Стоп“ или „Трокут“ така што ја одземаат предноста како да се сами на патот.

  1. Држете доволно растојание од возилото пред вас

Иако сообраќајот најчесто може добро да се предвиди, некои возачи коишто се склони кон непредвидливи реакции, па секогаш е паметно да се остави доволно растојание за реакција.
При влошување на временските услови растојанието во однос на возилото пред вас мора да се зголемува во склад со околностите на патот бидејќи контактот на гумите со подлогата се намалува, а со самото тоа се зголемува и патот за запирање.

  1. Вежбајте во контролирани услови

При падот на првите снегулки добра одлука би била да се упатите на некој простран и малку прометен паркинг на кој може намерно да се предизвика губење на контролата на вашиот автомобил за да можете да ги извежбате реакциите.
Се што ќе влезе во рутина вреди злато. Чувството на враќање на контрола на автомобилот ќе ве исполни со чувство на задоволство, а во ситуација која е критична само рутинска и ладнокрвна реакција може да биде исправна додека секоја панична е контрапродуктивна.

  1. Добро отворете ги очите

Добар возач во секој момент мора биде подготвен за целата своја околина.
Не е важно она што се случува на 10 или 20 метри пред автомобилот туку сето она што се наоѓа далеку пред вас и во сите правци околу автомобилот.
Единствено со таков пристап можат навреме да се предвидат сите можни ситуации како заиграни деца, пешаци, велосипедисти…

  1. Секогаш седнувајте одморени зад воланот

Уморот е најголемиот непријател на секој возач.
Стручњаците предупредуваат дека возач кој спиел помалку од пет часа е речиси 30 проценти побавен во реакциите од возач кој спиел осум часа. Нивото на концентрација е еднакво како кај возачот кој во крвта има концентрација на алкохол од 0,8 промили.