Кинески смартфон со камера од 48MP

ОБЈАВЕНО НА:

Претседателот на Xiaomi, Лин Бин објави интересна фотографија направена пред неколку дена, а се работи за потврда дека неговата компанијата работи на смартфон со главна камера од 48МР. Истиот се очекува да биде официјално пуштен во текот на следниот месец. Најавите велеа дека овој телефон е го добие името Mi 9, но најверојатно нема да биде така.

Најновата информација вели дека смартфонот ќе биде дел од серијата Redmi, која ќе се фокусира на тоа апаратите да бидат со достапна цена за секого. Воедно ова ќе биде и првиот телефон Xiaomi со дизајн со дупка на дисплејот. Исто како Huawei Nova 4, Honor View 20 и Samsung Galaxy A8s, на горниот лев дел на екранот.

Според последната информација уредот нема да биде целосно без рамка на дисплејот. Како точно ќе изгледа дисплејот ќе биде познато наскоро. LCD панелот ќе биде доставен од кинеската компанија ВОЕ, а телефонот се очекува да има три камери на задниот дел. Една од тие камери очигледно ќе биде со 48МР. Исто така смартфонот ќе има и супер широкоаголен објектив, кој ќе дава можност за правење на пошироки фотографии.

Се претпоставува дека новиот модел Redmi ќе биде првиот во серијата, кој ќе биде со стакло на задниот дел. Не е познато дали тој ќе се користи за можно безжично полнење. Ако тоа е Redmi, се очекува цените да бидат многу конкурентни, иако може ова да биде најскапиот Redmi досега, земајќи ги предвид неговите спецификции. Зборувајќи за ова, чипсетот Snapdragon 675 може да биде користен на новиот уред.