Lexus LM – новиот миниван на јапонскиот бренд

ОБЈАВЕНО НА:

Како што беше и најавено уште од март годинава, Lexus во рамките на саемот за автомобили кој се одржува во Шангај го претстави својот најнов миниван.

Моделот LM (скратено од Lexus Minivan) се темели на Toyota Alphard, миниван возило кое е дел од понудата на јапонскиот производител во азијските земји.

Уште на прв поглед се забележува карактеристичната маска на ладилникот, а формата е идентична како и кај Toyota Alphard, без многу оштри и заоблени линии кои се препознатливи кога е во прашање екстериерниот дизајн на Lexus автомобилите.

Во внтрешноста, очекувано домиира луксузот и бројната технологија. Патниците на задните седишта имаат можност да уживат во 26 инчниот екран, аналогниот сат, мини фрижидерот и многу други додатоци кои овозможуваат највисока комфорност при долгите патувања.

Lexus LM

За придвижување на овој луксузен миниван ќе се погрижи 3.5 литарскиот V6 бензински мотор со 296 КС и осум степен автоматски менувач, додека подизведбата која е со додавка “H” ќе располага со 2.5 литарски бензински мотор.

Продажбата на овој модел ќе се спроведува само на азијскиот пазар.