Списокот е полн: Автомобилот со 5.000 коњски сили се распродаде

ОБЈАВЕНО НА:

Листата за чекање за хиперавтомобилот Devel Sixteen со моќност од 5.000 коњски сили и цена од 1,6 милиони долари е веќе полна и тоа за две години однапред. Производителот со седиште во Обединетите Aрапски Eмирати многу внимателно ги избира своите клиенти и секој што ги има овие пари нема да може да стане сопственик на уникатниот автомобил.

Претседателот на Devel Motors, Маџид ал Атар се жали дека компанијата многу тешко може се издвојува во Емиратите каде се продаваат стотици од најскапите и брзи автомобили на планетата. Со 16-цилиндричниот 12,3 литарски мотор од драгстер Sixteen, сепак, успеал да го привлече вниманието на публиката и сега клиентот нема да го избира возилото, туку спротивно.

На теорија австомобилот со V16 мотор со 5.007 коњски сили и 4 771 Нм, развиен од страна на американскиот производител Steve Morris Engines, дозволува забрзување од 0 до 100 км/ч за 1,8 секунди и максимална брзина од 515 км/ч.

На практика Devel Motors се судри со ненадминливи проблеми со ладењето на моторот и стабилноста на автомобилот при брзина од над 480 км/ч, кои го принудија основниот технички партнер Manufattura Automobili Torino (MAT) да се тргне од проектот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK