Apple плаќа да го напуштите Android

ОБЈАВЕНО НА:

Apple отвори маркетиншка војна со Google. Технолочкиот гигант стартуваше нова кампања „Switch from Android“, односно „Напуштете го Android“, со која директно се обраќа на корисниците на останатите мобилни брендови да поминат на iPhone.

Кампањата која деновиве стартувае на американскиот пазар, проследена со четири промотивни видеа, на корисниците им ветува дека „животот е полесен со iPhone“.

Лесно и брзо префрлање на личните податоци од телефонот, квалитетна камера, заштита на важните податоци со енкрипција и лозинки, најбрз оперативен систем, лесен за користење,… се само дел од предностите за кои Apple тврди дека се причина да се напушти Android мобилката.

Apple пред околу една година на американскиот пазар стартуваше и програма за замена на старата мобилка со нова, односно нуди кредит до 260 долари за замена на стариот iPhone, Android или Windows мобилен со нов iPhone. На пример Samsung Galaxy S6 се проценува на околу 160 долари. Коишто може да се искористат при купување на нов iPhone или како бенифиции во месечната сметка на корисникот.

Според официјални статистики над 81 отсто од корисниците во светот имаат мобилки со Android оперативен систем, а само 18 отсто се корисници на iPhone.
Минатата година најуспешен бренд беше Samsung, односно на овој бренд му припаднаа околу 20 отсто од сите продадени мобилки во светот, додека Apple учествуваше со 14 отсто.