За што служи N кај автоматските менувачи?

ОБЈАВЕНО НА:

Позицијата N (neutral) кај автоматските менувачи ги ослободува сите брзини во рамките на менувачот, ефикасно го прекинува преносот на погонските тркала, дозволувајќи му на возилото да се движи слободно под сопствената тежина и да се здобие со брзина без движечка моќ.

Секој кој управува автомобил со две педали треба да знае дека неутралниот режим (N) кај автоматските менувачи е наменет за влечење на автомобилот. Притоа е важно да се знае уште дека брзината со која возилото може да се движи на N е ограничена во согласност со инструкциите за секој модел.

Обично таа е 40 км/ч и моторот треба да работи. Во другите случаи кога автомобилот работи правилно треба да се заборави на позицијата N.

Во движење

Една од заблудите кај возачите на моторни превозни средства е дека кога возилото се движи со голема брзина и се активира режимот N тоа ќе доведе до економија на гориво. Ова дејство е апсолутно непрепорачливо.

Прво заштедата на горивото е занемарлива и второ, тоа дејство може да донесе до многу сериозни проблеми во трансмисијата, кога односно при големи брзини, инерцијата се намалува и рачката на D (погон) e вратена за да продолжи движењето. Тоа води до значително прегревање на преносот и побрзо трошење на главните склопки и единици. Со брзина од повеќе од 90 км/ч префрлањето од N во D може за миг да го извади од строј менувачот.

Во место

Голем број на возачи при стоење на семафор префрлаат од D во N, сметајќи дека на тој начин товарот на менувачот е помал, а D може да се преоптовари и да се прегрее. Практично исправен технички автоматски менувач, со затнат филтер, чист радијатор и лубрикант со нормално функционирање не е загрозен од наводното прегревање.

Честите промени во компресијата и во притисокот на менувачот, предизвикани од смената од D во N и обратно, можат да донесат до значително поголемо трошење на единиците за пренос. Правилно е при подолг претстој, кој налага автомобилот да премине од режимот D во режимот Р.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK