Фудбалерите на Атлетико Мадрид ќе возат Hyundai Tucson (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Фудбалерите на Атлетико Мадрид добија по еден примерок од новата генерација на Hyundai Tucson како нов службен автомобил.

Корејскиот производител веќе неколку сезони е спонзор на мадридскиот клуб, а како и минатите години, така и сега добија бесплатен Hyundai автомобил.

Фудбалерите, но и фудбалерките од женската екипа добија по еден примерок опремен со 1,6 T-GDi бензински мотор со комбиниран хибриден систем и шест степен автоматски менувач.

Примопредавањето се случи на стадионот Ванда Метрополитано, а при тоа настанот беше искористен за снимање на промотивен спот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK