Alfa Romeo Brennero ќе се произведува во Полска?

ОБЈАВЕНО НА:

Додека сите се во исчекување на моделот Tonale, Alfa Romeo работи на уште еден помал кросовер. Станува збор за моделот Brennero кој ќе се позиционира токму под Tonale.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, овој модел кој ќе се произведува под капата на новоформираната компанија Stellantis, најверојатно во Тичи, Полска.

FCA објави дека ќе инвестира стотици милиони евра во модернизација на оваа фабрика, а дел од тие средства ќе бидат наменети токму за прилагодување на производствениот погон за овој модел. Brennero при тоа ќе биде произведен и со SUS мотори, но и plug-in хибрид.

Во производство ќе се појави кон крајот на 2022 година. Со тоа понудата на италијанскиот прозиводител во 2022 година ќе биде сочинета од три SUV модели и еден седан.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK