За само четири денови распродадени сите примероци од Mitsuoka Buddy

ОБЈАВЕНО НА:

Минатиот месец јапонскиот производител Mitsuoka го претстави моделот Biddy инспириран од Chevrolet K5 Blazer.

Сега од земјата на изгрејсонцето пристигнува веста дека за само четири денови се продадени сите 200 примероци кои беа предвидени да се произведат.

Цената на овој модел во Јапонија изнесува 45 илјади американски долари, а за оваа цена, купувачите ќе го добијат автомобилот со 2,0 литарски или 2,5 литарски бензински мотор “позајмен” од Toyota RAV4.

Mitsuoka Buddy

Mitsuoka, инаку, е мал јапонски производител на автомобили основан на 1 февруари 1968 година кој е далеку помал и помалку познат во глобални рамки во споредба со другите јапонски производители. Генерално се занимава со преработка на веќе постоечки модели давајќи им ретро изглед инспириран од модели од европски и американски производители.

Истиот овој произвдоител засега не откри дали е планирано производство на додатни примероци од овој модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK