VW со загуба од 3.000 евра ќе го продава I.D.

ОБЈАВЕНО НА:

Целосно електричниот хечбек модел I.D. кој е само еден во низата електрични автомобили најавени од страна на Volkswagen ќе се продава со 3.000 евра загуба, пренесуваат некои германски медиуми.

Volkswagen на 8 мај е започне со примање на нарачките за овој модел кој во слободна продажба ќе се појави на почетокот на следната година по цена од 30.000 евра. Германскиот Auto Motor und Sport пишува дека VW на почетокот од секој продаден I.D. ќе бележи загуба од 3 илјади евра, а оваа загуба со текот на годините постојано ќе се намали.

Основната верзија на електричниот хечбек, Volkswagen ID ќе чини 29.990€, а ова го тврди списанието од Германија, „Auto Motor und Sport“, а се повикува на своите извори од концернот. Информацијата се совпаѓа со соопштението на компанијата дека цената на првиот целосно електричен модел нема да ја надмине таа на сличен дизел автомобил (за споредба Golf 2.0 TDI ќе чини 29.990).

Според пресметките во 2025 година платформата MEB ќе донесе поголема заработувачка отколку што носат автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

Продажбата на електромобилите со загуба не е невообичаена за индустријата. Според зборовите на покојниот Серџо Маркионе, цената на Fiat 500e е повисока од продажбата цена со 14.000 долари. General Motors признава дека губи по 9.000 долари од секој продаден Chevrolet Bolt.

Volkswagen ќе почне да прима нарачки за ID во текот на мај. Хечбек серијта ќе биде достапна со батерија со капацитет од 62 киловати, а подоцна со 48 и 82 киловат часови батерии. Хечбекот ќе се напојува со електромотор со моќност меѓу 170 и 204 коњски сили.

I.D. Neo како што е целосниот назив на овој автомобил, ќе поседува еден електромотор со моќност од 170 КС и погон на предните тркала. Автономијата се очекува да изнесува околу 450 км, додека моделот со батерија од 48 kWh би требало да има автономија од околу 300 км. Ова ќе биде првиот автомобил на VW кој влегува во производство, а доаѓа од фамилијата на електрични I.D. автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK