На претседателот на држава му конфискувале луксузни автомобили и ги продале на аукција

ОБЈАВЕНО НА:

Во Швајцарија и повеќе европски земји се води интернационална истрага против потпретседателот на Екваторијална Гвинеја и син на претседателот на оваа земја, Теодорин ОБијанг.

Истрагата е насочена против перење на пари и даночни малверзации поради што швајцарските власти запленија движен и недвижен имот кој се најде на аукција. Она што привлече внимание се автомобилите кои беа продадени за 25 милиони евра.

Станува збор за неколку ултра луксузни автомобили како и олдтајмери. Така Lamborghini Veneno Roadster е продаден за 7.5 милиони евра, а на аукцијата беа продадени и Aston Martin One 77 Coupe од 2011 година како и Aston Martin Lagonda од 1956 година.

Средствата собрани од оваа аукција ќе бидат инвестирани во социјални програми во Екваторијална Гвинеја.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK