Возел 323 км/ч со Audi RS6, полицијата го бара „под дрво и под камен“ (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во Велика Британија полицијата има полни раце работа со несовесни возачи, а по еден таков е во постојана потрага веќе некое време.

Очигледно некој никако не може да сфати дека јавните патишта не се полигон за испитување на перформансите на автомобилот.

Полицијата од Сасекс од Велика Британија објави дека е во интензивна потрага по возачот кој со Audi RS6 возел со неверојатна брзина на автопатот М23. Како изгледа лудото возење и кршењето на сообраќајните правила на практика можете да погледнете на крајот од снимката.

Возачот самиот ја објавил снимката од лудото возење на каналот на Youtube, а возел најмногу со брзина од 323 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK