Купете дел од вашите идоли: Рок ѕвездите ги продаваат своите автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Куќата за аукција од Велика Британија „Bonhams“ организира собир на кој ќе бидат понудени автомобили на три од најголемите музички ѕвезди од земјата. Се очекува да биде достигната сума од 1,21 милион евра. Првиот автомобил кој ќе биде поставен за наддавање е Lamborghini 400 GT 2+2, кој бил направен специјално за Пол Мекартни.

Членот на Битлси, имал посебна нарачка, а го купил возилото со 4,0 литарски V12 мотор со моќност од 320 коњски сили и максимална брзина од 270 км/ч. Тоа се случило во 1968 година, а прогнозата е дека цената ќе варира од 454.000 до 567.000 евра.

Второто возило е исто така Lamborghini, а било во сопственост на Род Стјуарт. Се очекува да биде продадено за сума од 138.000 до 162.000 евра. Познатиот пејач го продава црвеното Diablo за Божиќ во 1991 година. Опремено е со 5,7 литарски V12 мотор со моќност од 492 коњски сили, а во тоа време моделот бил најбрзиот сериски автомобил во светот со максимална брзина од 323 км/ч.

Третиот автомобил на аукцијата ќе биде Ferrari Dino 246 GTS. Тапанарот на „Пинк Флојд“, Ник Мејсон го купува кабрилоетот со невообичаена црна боја во 1974 година. Возилото има 2,4 литарски V6 мотор со моќност од 195 коњски сили, а може да развие до 245 км/ч. Прогнозата е дека ќе достигне цена од 421.000 до 486.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK