Vоlvо ќе ги намали eмиcиитe нa СО2, ќе заштеди милијарди

ОБЈАВЕНО НА:

Како поддршка на долгорочната цел на компанијата да прерасне во „кружен бизнис“ до 2040 година, Volvo Саrs ќе создаде затворени процеси за материјали со големи штетни емисии како што се челик и алуминиум, како и за обработка, ремонт, повторна упореба и рециклирање.

„Vоlvо Саrs има еден од најамбициозните климатски планови во автомобилската индустрија и за да се постигнат целите, треба да ја прифатиме циркуларната економија. Ова бара да размислиме добро за сè, што правиме и како правиме. Ние ставаме силен акцент над интегрирањето на одржливоста во начинот на кој мислиме и работиме како компанија и ја претвораме во токму она што е важно, како што и безбедноста отсекогаш била за нас“, вели Андерс Керберг, кој е раководител на одделот за одржлив развој во Volvo Cars.

За да се претвори во кружен бизнис до 2040 година, Vоlvо Саrs се убедени, дека секој дел од автомобилите треба да биде проектиран, развиен и произведен, за да биде користен повторно, како од компанијата, така и од нејзините добавувачи.

Фокусирајќи се на ефективноста на ресурсите и зачувувајќи ја создадената вредност во материјалите и компонентите што е можно подолго, за време на животниот циклус, компанијата сака да ја оптимизира употребата на материјали, компоненти и автомобили и да го елиминира отпадот во процесот. Тоа ќе доведе до финансиски заштеди и нови приливи на приходи, како и значително намалување на влијанието на животната средина.

Vоlvо Саrs веќе реконструираше делови како што се менувачи и мотори, за подобро да се користи материјалот и да се намалат емисиите. Во 2020 година беа преработени околу 40.000 делови, со што се заштедија речиси 3.000 тони емисии на СО2. Дo 2025 година Vоlvо Саrs има за цел да ги зголеми резултатите за повеќе од двапати. За да се гарантира дека штетните материи можат да се чуваат во оптек, компанијата рециклираше 95% од својот отпад генериран минатата година. Тоа вклучува 176.000 тони челик, избегнувајќи создавање на речиси 640.000 тони СО2.

Во 2020 година Vоlvо Саrs стана член на фондацијата Еllеn MасАrthur, која е водечка светска мрежа во кружната економија.

Новите деловни модели, како на пример давање на втор живот на акумулаторите на електрични автомобили, се важни од кружна деловна перспектива. Преку употребувањето на батерии во апликациите за складирање на енергија надвор од автомобилите можат да се реализираат нови приливи на приходи и да се заштеди потрошувачката, додека истовремено се продолжува животниот циклус на батериите.

Заедно со доставувачите и партнерите, Vоlvо Саrs го истражува потенцијалот на апликацијата за втор живот за своите батерии со висок напон. Пример е соработката со BаttеryLооp, компанија во рамки на шведската група за рециклирање Stеnа, која користи повторно батерии од автомобилската индустрија.

BаttеryLооp и Vоlvо Саrs користат батерии од електрифицирани автомобили Vоlvо зa сончевиот систем за складирање на енергија. Од април, системот ќе снабдува станици за полнење за електрифицирани автомобили и електрични велосипеди во бизнис центарот на фирмата од Шведска за хигиена и здравје, Еssity, надвор од Гетеборг.

Во сличен проект, Vоlvо Саrs, Соmsys АB, компанијата од Шведска за чисти технологии и и Fоrtum, европска енергетска компанија, учествуват во трговски пилот проект. Целта на проектот е да се зголеми флексибилноста на испораките во една од хидроенергетските централи на Fоrtum во Шведска, која истовремено допринесува за втор живот на акумулаторите на електричните автомобили. Батериските пакети од хибридните автомобили на Vоlvо ќе служат како стационарен блок за складирање на енергија, помагајќи да се достават таканаречените услуги за „брзо балансирање“ на енергетскиот систем.

Преку овие и други проекти, Vоlvо Саrs истражува колку стари батерии се користат кога се користат оповторно во апликации, кои имаат значително помалку агресивна употреба во споредба со користењето во автомобилот. Тие исто така и овозможуваат на компанијата да добие повеќе знаење за комерцијалната вередност на батериите после употреба во автомобили и да ги идентификува потенцијалните идни приливи на приходи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK