Започнува производството на Hyundai i10 N Line

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во февруари годинава започна прозиводството на новата генерација од моделот i10, Hyunda сега го најави производството на спортската верзија од овој модел.

Станува збор за i10N Line чије производство започнува следниот месец во Измир, Турција, а е наменето за европскиот пазар.

Спортските детали во ентериерот и екстериерот се составен дел од оваа верзија. Станува збор за благо модифицираните браници, црвените детали кај маската на ладилникот, двобојната каросерија како и новите алуминиумски фелни. Во внатрешноста доаѓа со поспортски седишта и педали.

Во однос на моторите тука ќе биде унапредениот 1,0 литарски GDi мотор кој за прв пат ќе биде вграден кај овој модел, а кој ќе испорачува 100 КС при 172 Nm обртни моменти. Достапен ќе биде и со 1,2 литарскиот MPi мотор .

Во продажба ќе се појави од септември, а засега цената останува непозната.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK