Вгради уред за плин или метан и добиј субвенција до 300 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Наместо субвенционирање купување на нови, еколоши и пред се безбедни возила, од Владата стигна најава за субвенционирање на уреди за алтернативни горива што може да се вградат само н авозила произведени од 2005 година наваму. Целта е да се намали загадувањето од возилата што го прават моторите со внатрешно согорување, и да се даде можност вградување на еколошки системи.

Министерството за економија утре ќе го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата.

Државата ќе субвенционира 50 проценти од трошоците за вградување на ваков уред во возилата, но не повеќе од 18 илјади денари или 300 евра по возило. За оваа цел, од Буџетот на Министерството за економија се одвоени 11 милиони денари.

Огласот ќе трае 60 дена по принципот „прв дојден, прв услужен”. Ќе се субвеницонира само едно возило на едно семејство.

– Сопствениците на возила произведени од 2005 година наваму треба да извршат купување и вградување на уред со погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилото од денот на објавување на јавниот повик во некои од фирмите кои вршат продажба и вградување на ваквите уреди, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Но, покрај вградувањето на нов систем на алтернативно гориво сопственикот ќе треба да мине и низ мала административна процедува со која ќе треба да добие и нова сообраќајна возачка дозвола каде ќе бидат впишани промените. А претходно ќе треба да се движи доста често на релација, шалтер на МВР во станиците за технички преглед, па тело што ќе направи проверка на вградувањето, па издавање потврди, па повторно враќање на шалтерите на МВР….

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK