Вака изгледа 275.000 долари вреден Ferrari 458 Spider понуден на аукција (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

На аукција може да се најдат различни работи. Некогаш дури и бесмислени, а сепак се продаваат. Уште по бесмислено е што има заинтересирани. Но, дали некогаш сте виделе како изгледа целосно изгорен Ferrari 458 Spider автомобил? На интернет се појавија фотографии од целосно изгорен Ferrari автомобил и остатоците од него.

Но веста всушност не е тоа како изгледаат остатоците од овој скап автомобил.

Неименуваниот сопственик се реши да оствари приход така што остатоците од овој автомобил ги даде на аукција. Автомобилот е огласен на интернет сајтот Copart, а наведената цена е ни помалку ни повеќе туку 275 илјади американски долари.

Датум на аукција не е познат, а огласувачот наведува дека интересот е голем.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK