Колку милиони чини тркачко Ferrari 250 GTO на старо?

ОБЈАВЕНО НА:

Постојат скапи автомобили, многу скапи автомобили – а потоа тука е Ferrari 250 GTO.

Моделот важи за многу ценет меѓу колекционерите. Во 2014 година еденод овие инженерски ремек дела беше продаден за 38 милиони долари.

Оттогаш имаше уште неколку продажби, на олдтајмери, но тие беа со вредност околу 20 милиони долари. Сепак најценети остануваат токму моделите на Ferrari. И се чини дека единствен што може да го победи Ferrari 250 GTO е токму друг Ferrari 250 GTO!

Со шасија број 3387, ова е втор модел на Ferrari 250 GTO што е произведен, од околу 36 модели и првиот што се има докажано и на тркачка патека. И не само тоа, туку и сето тоа е историски документирано, се натпреварувал на 27 трки во одреден перод, и има 17 подиуми вклучувајќи и второ место на Себринг и 6. место на Леман.

Цената што се бара за моделот е 56 милиони долари!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK