Уште едно одложување – Bronco доаѓа на средината на годината

ОБЈАВЕНО НА:

Малерот на Bronco и натаму продолжува. Откако премиерата на продукциската верзија се одложување три пати, Ford Bronco се соочи со уште едно одложување.

Иако производството требаше да започе на почетокот на оваа година, истото е одложено и ќе стартува на 3 мај, покажуваат официјалните документи кои протекоа во јавноста.

Причината за ова одложување, како што е наведено во изворот, е доцнењето на добавувачите на Ford кои доцнат со испораката на непоходните компоненти и тоа поради пандемијата на коронавирусот.

За потсетување, новиот Bronco беше претставен во три основни верзии: на купе со две и четири врати, како и покомпактна верзија на Bronco Sport, при што Ford објави дека сите три варијанти ќе понудат оптимално управување како на стандардни така и на теренски површини.

Заклучно ноември минатата година на адресата на американскиот производител пристигнаа 190 илјади резервации со што се исполнети предусловите за нов бестселер.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK