Макпетрол додели Honda CRV од наградната игра Вернa

ОБЈАВЕНО НА:

Наградната игра на Макпетрол што е најголемата во моментов во Македонија и има вредност на наградите од над 100.000 евра го заокрижи летното коло во кое беше доделен и автомобилот Honda CRV. Антонио Кржовски е среќниот добитник на автомобилот чии клучеви му беа доделени денеска.

На настанот се доделија лаптопи Dell на среќните добитници Драган Иванов и Хаќим Исмаили, скутер Honda кој го доби Сашко Џалевски.

„Наградната игра започна на 1 март, а досега имавме 5 извлекувања преку кои ги израдувавме нашите потрошувачи со Honda Jazz, чамец со мотор Honda, скутери и веспа Honda, Dell лаптопи, викенди за двајца во нашиот хотел во Струга, ваучери за Кристал Кар, гуми, Лубекс моторни масла, како и наградни Верна поени“.- изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK