Bugatti ќе користи технологија од Балканот!

ОБЈАВЕНО НА:

И тоа се случи, ултра луксузниот производител Bugatti ќе користи технологија развиена на Балканот. Како што пренесуваат хрватските медиуми, францускиот производител во своите електрични автомобили ќе користи технологија развиена од страна на Rimac Automobili од Хрватска.

Електричниот мотор на првиот целосно електричен автомобил на Bugatti ќе биде преземен од моделот Rimac C-Two. Тоа значи дека првиот електричен SUV ќе располага со 1.379 kW односно 1.850 КС.

Се очекува во производство да влезе во 2022 година, а почетната цена може да достигне 1 милион евра.

Ова е второ големо партнерство на Rimac откако претходно и официјално беше потпишан договор за соработка со Hyundai.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK