Топ-10 најпродавани возила во светот во 2023

ОБЈАВЕНО НА:

Полека се подобрува продажбата на нови автомобили во светот, иако тие бројки не се на истот ониво како пред Ковид пандемијата. По пет месеци во светот најпродаваниот автомобил е електичен.

Со подобрување од 9 позиции, Tesla Model Y беше најпродаваниот нов автомобил во светот за првите пет месеци од 2023 година, според податоците од www.focus2move.com. Според тие податови резултат од првите пет месеци е 427.524 единици и раст од 85,3%.

Според податоците на статистичката агенција, кои се базираат на резултати собрани од 162 земји, на втората позиција за периодот јануари-мај 2023 година е семејството Toyota Corolla со показател од 410.732 единици, што е за 6,6% помалку во споредба со истиот период од 2022 година.

На третото место, со 358.945 примероци и раст од 24,6%, е серијата F на Ford, а во ТОП-5 се и Toyota RAV4 (324.061, -11,1%) и Chevrolet Silverado (252.545, +2,5%).
Во Топ-10 се уште и: Honda CR-V (249.184, +3,7%), Hyundai Tucson (245.863, + 15.2%), Toyota Camry (245.066, – 7.7%), Toyota Hilux (231.784, -4,8%) и Tesla Model 3 (226.049, – 23,4 %).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK