Електричната Kona доаѓа во Женева со домет од 390 км.

ОБЈАВЕНО НА:

По промоцијата на Kona годинава, од Hyundai веќе најавуваат и електрична верзија на СУВ возилото што треба да се појави на саемот во Женева на почетокот на 2018 година. Она што е најважно, моделот треба да има домет од 390 км. со едно полнење на батериите.

За разлика од Hyundai Ioniq, сега Kona ќе користи други мотори, заедно со поголеми батерии. Во моментов Kona се нуди со бензински мотори и можност за погон на сите тркала.

Покрај промоцијата на Kona, на саемот во Женева од Hyundai Планираат промоција на 15 електрични модели, вклучувајќи и хибриди, PHEV, EV И модел на горивни келии до 2020 година. Од понудата 10 би требало да завршат во Европа.

Во ова би требало да биде и СУВ возилото на горивни келии со домет од 800 км., но и првата платформа поставена само за електрични возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK