Tesla ја намали цената на моделот 3

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Tesla на својот официјален веб сајт објави дека ја намaлува почетната цена на моделот 3 за 1,100 американски долари.

Така, почетата цена на моделот 3 со основно ниво на опрема изнесува 42,900 долари.

Намалувањето на цената доаѓа со цел Tesla да реализира поголем волумен на продажба, а со тоа и производство, но истовремено и зголемување на конкурентноста како на американскиот така и на глобалниот пазар.

Оваа цена ќе биде достапна и во Европа каде веќе започнаа да пристигнуваат првите контигенти од овој модел во официјалните дилерски мрежи ширум Европа. Со ова Tesla станува значаен конкурент на европско тло, а со овој модел вложува големи амбиции во Кина каде пред некој месец го означија стартот на изградбата на нова првата фабрика во оваа земја.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK