Toyota развива „лажен“ мануелен менувач за електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Механичките менувачи со години не се популарниот избор при купување на нов автомобил, а со појавата на се повеќе електрични автомобили, шансата тие да исчезнат е сосема реална. Сепак, тие имаат свои обожаватели кои го претпочитаат чувството на „рачката“ и токму со нив се поврзува новиот патент на Toyota.

Јапонската компанија поднела неколку апликации до Канцеларијата за патенти на САД, кои се поврзани со тн. „лажен“ механички менувач за електрични автомобили. Патентот првично бил забележан на BZ Forums летово, а сега властите официјално објавија дел од документите кои се поднесени.

Овој менувач може да работи во три режими на работа, вклучувајќи спојка и менувач, само со менување со рачката на менувачот и без употреба на спојката и рачката на менувачот.

Софтверот ќе симулира промена на брзините и брзините кои ќе бидат прикажани на контролната табла за да бидат што поблиску до чувството.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK