Tesla го губи американскиот дух – сега со натпис „Made in China“

ОБЈАВЕНО НА:

Пред една година Tesla и првиот човек Маск најавија дека производството во Кина ќе биде наменето за домашниот, кинески пазар. Сепак, сега, по отпочнувањето на производството “кинеската” Tesla оди на глобалниот пазар.

Првиот човек Маск објави дека компанијата работи на два нови електрични модели, а во моментов се работи на развојот на еден од нив. Истите овие автомобили ќе се произведуваат во фабриката во Кина, а оттаму ќе се дистрибуира на глобалниот пазар.

Со ова практично, автомобилите на Tesla кои ќе се продаваат на различни пазари во светот ќе доаѓаат со натписот “Made in China”, со што според некои аналитичари, “Tesla ќе го изгуби американскиот дух”.

Засега ништо не е познато за новите модели освен тоа дека се темелат на CMF платформата и дека еден од нив ќе започне да се произведува не подоцна од 2023 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK