Chevrolet + Walt Disney = електрично возило (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Chevrolet продолжува да ја загрева публиката пред претстојните премиери на обновениот електромобил Bolt EV и целосно новата верзија Bolt EUV. Овој пат од американскиот гитант најавуваат дека премиерата на двата 100% електрични автомобили ќе се одржи на 14 февуари со што сите ќе станат сведоци на делата создадени во соработката меѓу автомобилската компанија и Walt Disney.

„Реализирањето на сонот за целосно електричната иднина ќе бара повеќе од само технологија. Тука станува збор за желба, имагинација и генијалност да се изгради подобро утре“, велат од Chevrolet.

Bolt EV ќе биде лансиран на пазарот во текот на ова ова лето, а истовремено ќе биде достапна и неговата верзија Bolt EUV. Овој електричен автомобил ќе биде првиот пазарен предлог на компанијата мајка GM, што ќе се нуди со системот за автономно управување Super Cruise.

За неа од компанијата велат дека ќе прерасне во првата во автомобилската индустрија, која ќе понуди автономно управување, без никаква интервенција на возачот на претходно утврдените и детални мапи на патиштата во Северна Америка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK