Збогум, Pajero!

ОБЈАВЕНО НА:

Раководството на Mitsubishi Motors објави дека одлучило да го прекине производството на Pajero, а последниот примерок кој ќе биде произведен од легендарниот СУВ ќе излезе од производствената лента во август.

Компанијата од Јапонија ќе се прости со култниот модел со специјална ограничена серија наречена Final Edition. Од неа ќе бидат произведени 700 прмероци, кои ќе се одликуваат со богата сериска опрема, а купувачите ќе добијат и часовник Citizen со логото на Mitsubishi.

Pajero Final Edition ќе биде опремен со шини на покривот, електричен отвор, кожен тапацир, клима и осветлени прагови.

Клиентите ќе можат да избираат меѓу неколку бои. Ќе имаат можност за бисер, сребрена, црна или двобоен автомобил со светол долен и темен горен дел на каросеријата.

Последното Pajero ќе биде опремено само со 3.2-литарски турбодизел мотор со моќност од 190 коњски сили. Менувачот ќе биде автоматски со пет степени, а задниот диференцијал ќе биде блокиран. Основната цена на Final Edition ќе биде 40.500$ (36.184€).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK