Украина сака да бара пари од ЕУ за старите возила што се увезени

ОБЈАВЕНО НА:

Во Источна Европа има стотици илјади половни автомобили кои многу загадуваат а се увезени од некоја од земјите од ЕУ. Многу такви возила има и по нашите патишта. Сега Украина има интересен предлог.

Заменик министерот за економија на Украина, Тарас Качка излезе со многу необичен предлог – да побара обештетување од ЕК за половните возила увезени кај нив.
Според него, Украинците им помогнале на Европејците да се ослободат од ѓубрето!

И ваквото барање не е шега! Оваа изјава е вистинска. „Не треба да заборавиме за големиот подарок што го направивме за ЕУ со тоа што ги купивме сите стари автомобили од кај нив, кои го загадуваат воздухот, е изјавата на официјалните лица од украинската Влада.

Украинците велат дека со тоа што половните и загадувачки возила кои се увезени им помогнале на ЕУ да ги постигнат задоволителните нивоа на дозволено загадување на околината и да ги исполнат сите барања на поддржувачите на зелената околина.

Сега се поставува прашање, а што можеме ние да направиме? Во Македонија исто така има илјадници возила што многу загадуваат, не исполнуваат никакви Еуро норми, а се увезени. Можеме ли и ние да бараме обештетување?

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK