Тргнаа по приказна од пред 20 години – открија подводен отпад на автомобили (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Во реката крај Портланд, во државата Орегон, беше пронајден вистински отпад за автомобили од последните неколку децении. Ентузијастите од Youtube каналот Аdvеnturеs with Purpоsе, сепак, откриле многу повеќе од она што се надевале. Под мостот скапувале дури шест автомобили.

А тргнале по проверка на приказна од пред 20 години според која девојка го земала возилото на нејзиното неверно момче, до возеле до мостот а потоа го турнала во реката. Тргнувајќи по барање на возилото луѓето од Advеntures with Purpose откриле многу повеќе отколку што се надевале.

 

Екипата успеала да извади од реката црвена Mаzdа RX-7 од првата генерација (1978-1985). Нa дното останале Fоrd Mustаng Mасh 1 Fаstbасk oт 1973 година, пикaп Сhеvrоlеt LUV (возилото на неверното момче) и уште барем три автомобили, на кои брендот и моделот не можат да бидат утврдени со точност поради ниската видливост под водата и високиот степен на пропаѓање.

И не само што ја потврдиле приказната туку и ја исчистиле реката од ова метално ѓубре што со години лежело на дното на реката.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK