Се појавија првите фотографии од новото BMW X5 (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На крајот на оваа година ќе биде претставено новото Х5 од BMW, а оваа информација е потврдена и од страна на шефот на BMW AG, Харалд Кругер. Веднаш после официјализирање на оваа информација се појавија и првите фотографии од моделот, па веќе може да се види како ќе изгледа.

За жал, на првите фотографии надворешниот дел од возилото е маскиран, па допрва ќе бидат познати деталите.

Може да се забележи дека новото Х5 ќе располага со поголеми „бубрези“, со заоблени дневни диодни светла, а предницата ќе биде надополнета во однос на претходникот Х7. Профилот е препознатлив на сметка на зачуваните пропорции на стаклениот дел, кој во Х5 се менува еволуциски и минимално на секоја следна генерација.

Подетални технички информации од компанијата засега нема, но беше споделено со медиумите дека новото Х5 ќе располага со адаптациска суспензија M Professional и ќе се претвори во првиот модел на брендот кој ќе располага со интегрирано управување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK