Не можат да чекаат на долга испорака: Откажани 63.000 нарачки на Model 3

ОБЈАВЕНО НА:

Сопственикот на Tesla, Елон Муск тврди дека добива 1.800 нарачки за Model 3 секој ден, но како што се утврди нарачките не се зголемуваат непрекинато од дебито на прототипот во почетокот на 2016 година.

Говорејќи на кварталниот собир на компанијата Елон Муск откри дека околу 63.000 нарачки од Model 3 биле откажани во текот на изминатата година, со што вкупниот број нарачки се намалил од 518.000 на 455.000.

“Овие откажувања се случија во текот на повеќе од една година. Мислам дека овие бројки се несуштински. Со малку напор лесно можеме да го зголемиме бројот на резервации на Model 3 на многу повисоко ниво, но нема поента. Тоа е како да сте во ресторан и вие служите хамбургери, и има околу час и половина да чекате за испорака, дали навистина сакате да ги охрабрате повеќе луѓе да нарачаат повеќе хамбургери? ” изјавил тој.

За време на неговиот говор, Муск рече дека оние кои нарачуваат Model 3 денес веројатно нема да го добијат до крајот на 2018 година и дека високите цели за производство на автомобилот остануваат непроменети.

Tesla планира да произведува 5.000 возила од Model 3 неделно до крајот на 2017 година и дека некаде во 2018 година таа бројка да биде околу 10.000 неделно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK