Porsche продава максимум по два идентични 911 во една година

ОБЈАВЕНО НА:

Опциите за персонализација на Porsche може да не поседуваат длабочина и спектар на најекслузивните брендови како Rolls-Royce или Bentley, но и покрај тоа иконскиот германски автоконцерн од Штутгарт нуди богата програма од можности за конфигурирање. Компанијата има продадено точно 35.573 возила од 911 во текот на минаата година, што претставува раст од 10% во однос на 2017 година, а речиси сите автомобили се рсзлични,

Во интервјуто за Autocar, менаџерот на фабрикта во Цуфенхаузен, Кристијан Фридл открива дека и покрај постигнатите невидени нивоа на продажба, Porsche прави идентични превозни средства „максимум двапати годишно“. Покрај тоа додава дека купувачите имаат повеќе можности за персонализација кај моделите 911 и Boxster/Cayman.

Според Фридл проширениот пакет од конфигурациски опции во Цуфенхаузен за 911 и 718, кои имаат неверојатни 39 варијанти, ќе го создадат „најубавиот автомобил“.  Моделите Panamera, Panamera Sport Turismo и Macan се произведуваат во Лајпциг, додека големиот Cayenne се составува во Братислава во Словачка. Што се однесува до претстојниот електричен седан Taycan, тој е биде изграден дома во Цуфенхаузен заедно со својот авантуристички братучед, Taycan Cross Turismo.

Не мислете дека само 911 и 718 се достапни за многубојни опции за прилагодување бидејќи со текот на годините, Porsche обезбеди многу можности за прилагодување на Panamera и на SUV моделите. Пример за тоа е претставен во октомври во 2017 година со пурпурниот Panamera Sport Turismo E-Hybrid.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK